Последни написи

Државните институции и граѓанските организации на заедничка маса за системско справување со дискриминацијата и говорот на омраза кон ЛГБТИ луѓето

Денес, 23. декември, се сретнаа дел од државните институции и граѓански организации, кои разговараа на темата „Системско справување со дискриминацијата и говорот на омраза кој ГЛБТИ луѓето“
Од Скопскиот КВИР ЦЕНТАР излегоа со соопштение за медиумите: „Од дискусијата е предвидено да се креираат соодветни препораки и заклучоци поврзани со унапредувањето на заштитата и остварувањето на правото на еднаков третман и недискриминација на ЛГБТИ луѓето, како и со потребата од експлицитна регулација на говорот на омраза врз основа на сексуална ориентација и родов идентитет со Северна Македонија
На тркалезната маса зедоа учество претставници од Комисијата за спречување и заштита од дискриминација, Собранието на РСМ, МВР, ОЈО, Советот за етика во медиумите на Македнија и други, како и граѓанските организации кои ги засегаат сексуалните и родовите малцинства.
Настанот се организирање во рамките на проектот „Промоција на еднаковста и недискриминацијата на локално ниво со поддршка на жртвите од дискриминација врз основа на сексуална ориентација и родов идентитет“ со финансиска поддршка од Општина Карпош, а во врска со програмската активност „Промоција и унапредување на еднаквоста и превенција од дискриминација“ од програмата за активностите на Општина Карпош во областа на еднаквите можности меѓу жените и мажите за 2022 година.“

 

Latest Posts

Не пропуштај