Последни написи

Кандиќ: Барикадите на северот на Косово мора да се отстранат, ако не од тие што ги поставиле, тогаш КФОР треба да го направи тоа

Мора да се отстранат барикадите на северот на Косово. Ако не се отстранат од  тој што физички ги поставил, тогаш тоа треба да го направи КФОР, со политичка поддршка на претседателот на Србија, кој упорно тврди дека не знае кој ги поставил – изјави за српскиот дневник  Данас , основачката на Фондот за хуманитарно право, Наташа Кандиќ.

Реакцијата на Кандиќ  доаѓа по повикот на Ана Брнабиќ, премиерката  на Србија дека, организациите од граѓанскиот сектор треба да се изјаснат за ситуацијата во Косово, наведувајќи дека ситуацијата таму е „на работ на вооружен конфликт“.  Кандиќ им порача на Претседателот на Србија, премиерот и претседателот на Народното собрание  да престанат со изјави и акции надвор од јавното знаење, со кои ги поттикнуваат екстремистичките групи и партии да се соберат за да излезат на фронтот.

Престанете да ги полудувате граѓаните, особено Србите во Косово, за враќањето на припадниците на ВЈ/МУП на РС во Косово, престанете со опасните политички игри – напуштање на  косовските институции, замрзнување мандати, прогон на косовските Срби кои не се согласуваат со злоупотребите на институцијата пратеник. Отстранувањето од јавната сцена на директорот на канцеларијата за Косово, кој со својата отровна реторика го срами секој пристоен граѓанин на Србија, би помогнало за смирување на ситуацијата. Приоритет е да се иницира експертска расправа за германско-францускиот предлог за нормализација на односите со Косово, без учество на „политички патриоти“, порача Кандиќ.

Таа го повика косовскиот премиер Албин Курти да го започне процесот на спроведување на потпишаните договори, без одлагање.

Тој направи добри работи за да ја елиминира дискриминацијата на Република Србија врз Албанците, имаше право да бара почитување на симболите на Косово за сите што живеат во таа земја, но сега нека покаже дека подеднакво се бори за доброто на Србите и другите не-албанци “порача Наташа Кандиќ.

Д. Тахир

 

(Извор: CIVILMEDIA)

Latest Posts

Не пропуштај