More

    Битиќи: 528 милиони евра странски директни инвестиции годинава, во последниве 10 години повеќе имало само во 2018 година

    Вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи, во вчерашното гостување во емисијата „Економски магазин“ на ТВ Алсат истакна дека годинава странските директни инвестиции се подобри и се на ниво од 528 милиони евра.

    -Има само една година во изминатите десет години подобра од оваа, а тоа е 2018 година. За наредната година веројатно се прават проекции, но не можете да имате предвидливост, не може да знаете како ќе се одвива војната во Украина, не знаеме какви ќе бидат залихите со гас во Европаа а наредната зима и од каде ќе се полнат залихите за гас. Сите стравуваат, но економијата има целосен предизвик и не сакам да полемизирам, но треба да ги видиме факторите кои влијаат на инфлацијата, посочи Битиќи.

    Тој посочи дека кога ќе се погледне структурата на економијата, таа не е водена од Владата или државата и не може да се заборави глобалниот контекст дека кризата постои и не е само во нашата земја. Битиќи кажа дека не може да се занемари дека еден од клучните фактори за инфлацијата е увозната зависност на електрична енергија.

    -Тоа не е од сега, тоа е последица од 30 години невнимавање и невложување во енергетскиот систем. 35% од потребите за електрична енергија во нашата земја се од увоз. Истата количина на електрична енергија што сме ја купиле минатата година за 800 милиони евра, годинава ќе ја завршиме со две милијарди евра, односно имаме дополнително потрошено 1,2 милијарди евра за иста количина на електрична енергија на пазарот. Тоа е 9% од БДП, рече вицепремиерот Битиќи во гостувањето на ТВ Алсат.

    Р.С

    Exit mobile version