Одговорајќи на новинарски прашања денеска премиерот Ковачевски изјави дека главниот град заслужува на земја членка на НАТО и земја која ќе биде членка на ЕУ да живее и да се развива на високо ниво.
Како што изјави премиерот, со оваа власт во Град Скопје се потврди дека е невозможно затоа што тие што ја освоија власта сега бегаат и се кријат дека ја освоиле власта.
Што се однесува до Владата, што се однесува до ресорните министерства особено од економскиот сектор, тие ќе направат еден координативен состанок на којшто ќе можеме да се информираме и да видиме каде Владата може да помогне, бидејќи сепак главниот град заслужува на земја членка на НАТО и земја која ќе биде членка на ЕУ да живее и да се развива на високо ниво. Тоа со оваа власт во Град Скопје се потврди дека е невозможно затоа што тие што ја освоија власта сега бегаат и се кријат дека ја освоиле власта.
-Јас утрово читав некакво соопштение на ВМРО-ДПМНЕ во коешто тие кажуваат дека СДСМ управувал со Град Скопје. И тука би сакал да дадам уште еднаш појаснување, дека пред една година на изборите во Г.Скопје, на денот на изборите СДСМ и коалиционите партнери ги изгубија изборите и на тој ден признавме пораз и честитавме победа. Како највисок чин, демократски претседателот на СДСМ и премиер поднесе оставка, а на друга страна и вие новинарите бевте присутни во штабот на ВМРО – ДПМНЕ, градоначалничката на Град Скопје од редовите на ВМРО – ДПМНЕ во бел капут, со трубачи беше пречекана од целото раководство на ВМРО – ДПМНЕ. Претседателот на ВМРО – ДПМНЕ беше облечен во блузонче со патентче и славеа заедно победа на ВМРО – ДПМНЕ и Данела Арсовска. Ако отидете на сајтот на ВМРО – ДПМНЕ тогаш ќе видите дека таму стои дека ВМРО – ДПМНЕ победило во Град Скопје со нивниот кандидат.
-Сите Уодбори, сите Јавни претпријатија во Град СКопје се управувани од кадри предложени од партијата ВМРО – ДПМНЕ.Граѓаните не заслужуваат да бидат предмет на внатрепартиски борби на раководителите на ВМРО – ДПМНЕ, а обврска на Владата е во рамки на своите надлежности и можности да помогне градот да функционира на најдобро можно ниво.
-Како што кажа и министерот за локална самоуправа и вицепремиерот за економски прашања, Битиќи, како што кажа во неколку наврати и еден од моите советници, г. Кичевски, Владата работи на изнаоѓање на модел во којшто ќе можеме да обезбедиме финансирање и поддршка на најкрупните инфраструктурни проекти за Скопје којшто не смеат да запрат или стојат бидејќи се работи за инфраструктурни проекти како мостови, клучки, булеварски решенија, поврзување на подвозникот кај ЛИМАК којшто веќе е направен меѓутоа обврска на градот е да се направат кружни текови на едниот и другиот крај, тоа не смее да запре, потенцира Ковачевски.

По изборите во 2024 година ќе имаме про европска Влада предводена од СДСМ
-Jaс сум човек кој се држи до своите ставови, јас не менувам ставови секој ден како што прават други политичари. Избори ќе има во 2024 година. Прво претседателски, па потоа парламентарни избори, изјави премиерот Ковачевски.

-Самата анкета ви покажува дека граѓаните се определени за европска иднина за државата, бидејќи доколку се погледнат внимателнo процентите на партиите кои се за европска Македонија и зачленување во ЕУ и партиите кои се за блокирање на тој процес, тогаш пак се гледа разлика и можете уште сега да го видите резултатот дека во 2024 ќе имаме претседател на држава којшто е за зачленување на Северна Македонија во ЕУ, а таков можеме да предложиме само ние СДСМ нормално со коалиционите партнери и дека ќе имаме Влада во 2024 година која што исто така ќе биде предводена од СДСМ и коалиционите партнери кои се за продолжување на европскиот пат на државата и зачленување до 2030 година во ЕУ, вели Ковачевски.
Извор: civilmedia.mk