Последни написи

(Фото) Скопје беше мамка за новогодишна забава со убав амбиент, а сега е „паланка“ !

Празници се ближат, а скопјани не гледаат ништо од претпразнична атмосфера. Грда е сликата на плоштадот „Македонија“. Елка скромно накитена и неколку затворени куќарки. Нема украси, сијалички, ниту дедо мразовци. Нема ни луѓе !

 

„Мајката“ на Градот, Данела Арсовски не се погрижи да им ги разубави барем малку Новогодишните и Божикните празници на своите сограѓани  во деновите обременети со економска, енергетска и до вчера здравствена криза. За привлекување на гости од соседството и пошироко кои би дошле да ги минат празничните денови во убаво расположение не станува ни збор !

 

Скопје годинава остана без украси, блокирано во сообраќаен хаос, изринкани улици… Наместо насмевки на лицата и празнична еуфорија „мајката“ и сервира празнично сивило. Ова е прва година, градските власти да го запостават или целосно да го игнорираат украсувањето.

Во метрополите од регионот и светот одамна се организираат празнични забави, базари, за возрасните и најмладите.

Немањето на идеја и разбирање за барем скромно празнување од страна на градските власт, се обидуваат да ја пополнат шопинг центрите, кафеаните и кафулињата каде се прават обиди за подгравање на предновогодишнатан атмосфера.

Некогаш Скопје беше мамка со добар амбиент, атмосфера и забава да привлече гости и да има полн плоштад на прослава, а сега е само „паланка“ !

 

Белград

Тирана

Софија

Загреб

(Извор: 24инфо)

Latest Posts

Не пропуштај