More

    Анкета: Граѓаните со скептицизам гледаат на анкетите

    Деновиве во јавноста се појави анкета на Центарот за анкетни истражувања на Меѓународниот републикански институт (ИРИ) за Северна Македонија која се занимаваше со прашања поврзани со рејтингот на партиите, расположението на граѓаните за евроинтеграции, како и многу други прашања.

    YouTube player

    ЦИВИЛ Медиа разговараше со граѓаните во Скопје, кои на прашањето дали им веруваат на анкетите на агенциите, или поточно дали биле анкетирани, тие одговорија дека со скептицизам гледаат на анкетите и дека зависи од тоа кој ги нарачува.

    „Не сум бил анкетиран, а за доверба зависи кој ја нарачува“ вели еден граѓанин, истакнувајќи дека е поразително ако се вистински податоците за екс-премиерот.

    Друг граѓанин изјави дека зависи која ангеција ги прави анкетите, порано сум верувал а сега не.

    „Да ви кажам право, јас многу и не верувам, порано сум верувал а сега не. Сега се е политички„

    Друг граѓанин изјави дека бил анкетиран, но за доверба во анкетата зависи во колкав примерок е направен, можеби тоа треба да се истражи колку тоа е точно.

    Назми Абдурахмани

    камера: Александар Ризински

    монтажа: Ариан Мехмети

    Извор: civilmedia.mk

    Exit mobile version