More

    Зибери: Најголем број на претставки до институцијата Народен правобранител доаѓаат за извршителите и судовите

    Насер Зибери, народниот правобранител лично се сомнева дека има доволна спремност, капацитет и ресурси во надлежните институции да се промени состојбата со ниската доверба на граѓаните во правосудството.

    Зибери, коментирајќи ја анкетата на ИРИ за падот на довербата на граѓаните во правосудството, на денешната прес-конференција, појасни дека тука пред се мисли на републичкиот Судски совет и Совет на јавни обвинители.

    – Без некоја поактивна улога на сите сегменти на власта. Мислам на Влада, Собрание, Судство тешко дека ќе има некое посериозно подобрување. Ние требаше да чекаме да ни сигнализираат и упатуваат критики од страна на Амбасадата на САД, ЕУ и т.н. за да се освестиме дека состојбата не е добра, изјави Зибери.

    Во однос на заштита на човековите права во областа на правосудството, Зибери посочи дека најголем број на претставки до институцијата Народен правобранител доаѓаат, токму од оваа област, односно судството, правосудството, со под областите – основни судови, извршители, адвокати, нотари и т.н.

    – Таа бројка, со денешниот пресек не ја знам, но сигурно е над 400 претставки, од кои скоро половината се однесуваат на работата на извршителите. Значи судовите и извршителите доминираат по бројот на претставки од граѓаните, изјави Зибери.

    Извор: lokalno.mk

    Exit mobile version