Последни написи

Ковачевски – Шентоп: Поддршка од Турција за напредокот на Северна Македонија, значаен и за стабилноста на регионот

Премиерот на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски, се сретна денеска со Мустафа Шентоп, претседател на Големото национално собрание на Република Турција, соопшти владината прес-служба.

На состанокот се потврдени традиционално добрите односи меѓу двете држави коишто бележат унапредување. Тоа, како што е констатирно може да се согледа и од фактот дека Турција е меѓу најголемите трговски партнери на Северна Македонија, а во државава има и значителен број турски инвеститори кои веќе инвестираат, или се заинтересирани за инвестирање во земјава.

На средбата е пренесен поздрав од турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган, до премиерот Ковачевски и силна поддршка од Република Турција за напредокот на Република Северна Македонија во делот на евроинтеграциите, по почетокот на преговорите.

Заеднички е констатирано дека европските интеграции на Северна Македонија се значајни за перспективите на нашата земја, но и за стабилноста на целиот регион, како и на Европа.

Премиерот Ковачевски се заблагодари за значајното, искрено, долгогодишно и континуирано пријателство и поддршката од Република Турција на нашата држава, од осамостојувањето до денес, што продолжува да се развива во рамки на партнерството на двете држави во НАТО.

Во таа насока посебно е истакната соработката во областа на одбраната.

Разговарано е и за значењето на поддршката од Турција и соработката во областа на енергетиката.

На состанокот, во пресрет на утрешниот државен празник за турската зедница во земјава, Денот на наставата на турски јазик, премиерот Ковачевски нагласи дека Владата останува посветена на развојот на Северна Македонија како успешен пример на мултиетничка, функционална демократија во регионот и во Европа. Во рамки на овие определби е посочено и на поддршката за отворање нови паралелки на турски јазик во училиштата во државава.

На состанокот беше посебно истакната соработката во областа на културата меѓу Северна Македонија и Турција, што резултира и со отворените културни центри во Скопје и во Истанбул, како и реализацијата на други проекти што се во насока на унапредување на соработката на овој план, се наведува во соопштението.

 

(Извор: Frontline)

Latest Posts

Не пропуштај