More

    Не е точно дека заштитните маски предизвикуваат болести кај децата

    Јаглерод диоксид молекулите се толку мали што не можат да останат заробени на материјалот од маската за повторно да ги инхалираме. Зголемени вредности на CO2 во крвта можат да се јават при брзо и често вдишување или при задржување на здивот,а се манифестира со нелагодност, вртоглавица или гадење или при тешка хиперкапнија со губење свест. Во мојот работен век овие нелагодности не биле случај од носењето на маски. За пример ќе ги земам хирурзите кои целиот свој работен век, целото работно време го минуваат со заштитни маски, а изведуваат операции при кои будноста и здраворазумноста се клучни, појаснува за Вистиномер д-р Кристина Митреска, лекар по општа медицина, пишува „Вистиномер“ во својата анализа.

    Текстот подолу го пренесуваме во целост:

    Рецензираме пост на социјалната мрежа Фејсбук во кој се тврди дека децата во училиште со заштитните маски вдишувале јаглерод диоксид и дека тоа е причина за тешки заболувања.

    Ова тврдење не е точно.

    Во постот пишува:

    Премногу јаглерод диоксид во крвта доведува до епилепсија или други мозочни заболувања, како и за создавање на канцерогени клетки !

    Што дишеа децата преку маските во училиштата ?

    Она што гои издишуваат во време на зголемено количество на јаглероден диоксид ?

    И сега јаболкото ќе ги спаси Мкаедонци ?

    Лекарите велат не е точно дека заштитните маски предизвикуваат штетни последици врз здравјето на децата.

    Маските кои ги користат децата на училиште не задржуваат гасови, оттаму нема начин како децата да дишат повеќе јаглероден диоксид. Главно децата носеа хирушки или платнени маски кои се хигиенски маски и спречуваат лицето која ја носи истата да исплука некого, а со тоа да пренесе зараза, вели д-р Илчо Ефкоски лекар по медицина на трудот во изјава за Вистиномер.

    И научни студии потврдија дека носењето заштитна маска не може да доведе до труење со јаглерод диоксид дури и кај луѓе со белодробни заболувања.

    Когнитивните функции кај луѓето се намалуваат за околу 15% кога CO2 во затворен простор достигнува 945 ПМ, за 50 проценти кога CO2 во затворен простор достигнува 1.400 ПМ честички. Точно е дека CO2 може да ги оштети мозочните клетки дури и да предизвика смрт, но тоа се случува само при доста високи концентрации и истите претходно ќе доведат до конфузија, кома, депресија на виталните центри, параноја, панични напади и сл. Такви концентрации во училиштата сигурно немало, појаснува Ефкоски.

    Лекарите појаснуваат маските се направени од материјал кој не го попречува нормалното дишење.

    Јаглерод диоксид молекулите се толку мали што не можат да останат заробени на материјалот од маската за повторно да ги инхалираме. Зголемени вредности на CO2 во крвта можат да се јават при брзо и често вдишување или при задржување на здивот,а се манифестира со нелагодност, вртоглавица или гадење или при тешка хиперкапнија со губење свест. Во мојот работен век овие нелагодности не биле случај од носењето на маски. За пример ќе ги земам хирурзите кои целиот свој работен век, целото работно време го минуваат со заштитни маски, а изведуваат операции при кои будноста и здраворазумноста се клучни, појаснува за Вистиномер д-р Кристина Митреска, лекар по општа медицина.

    Дека носењето маска го спречува кислородот да влезе во белите дробови и предизвикува болести е мит, потврдува и реномираниот Универзитет Пенсилванија Пен Стејт.

    Факт: Хируршките маски и платнените прекривки за лице овозможуваат малку воздух да тече во и надвор од белите дробови. Тие нема да предизвикаат хипоксија (недостиг на кислород). Хирурзите рутински носат маски неколку часа за време на процедурите без да развијат проблеми со белите дробови. Дури и некои пациенти со хронични белодробни заболувања носат маски за заштита, пишуваат медицинските експерти.

    Според науката, не е вистина дека маските го ослабуваат имунолошкиот систем.

    Некои родители изразија загриженост дека маските за лице може да влијаат на способноста на нивните деца да дишат правилно или да предизвикаат други долгорочни здравствени ризици. Но науката базирана на факти и студии, тврди заштитните маски не предизвикуваат штета врз здравјето.

    На прашањето дали маските  можат да го отежнат дишењето со кислород, одговорот на науката е НЕ.

    Иако некои родители се загрижени дека носењето маски долго време може да предизвика ниски нивоа на кислород во крвта, нема потреба да се грижите. Маските се направени од материјали кои се дизајнирани да овозможат здрав проток на кислород додека вашето дете дише. Тоа не влијае ниту на нивната способност да се фокусираат. Всушност, речиси сите деца на возраст од 2 и повеќе години, дури и оние со одредени медицински состојби, можат безбедно да носат маски на училиште или на дневна нега долги временски периоди, стои во одговорите од лекарите кои ги пренесува водечкиот медицински портал WebMD.com.

    Претставник на Центарот за контрола и превенција на болести во САД, за Ројтерс вели дека јаглерод диоксидот може да се наталожи на маската со текот на времето, но дека неговото ниво е во границите на толерантната нормала и дека нема штетни последици.

    За да докаже дека маските не се штетни, доктор Маитиу О Туатхаил направил експеримент при што носел не една, туку шест хируршки маски и притоа го мерел нивото на кислород во својот организам. Неговите нивоа на кислород во текот на целиот период биле стабилни, односно изнесувале 99 проценти.

    Поради сите наведени погоренаведени факти, тврдењето дека заштитните маски предизвикуваат болести кај децата го оценуваме како невистинито.

    Извор: meta.mk

    Exit mobile version