More

    ИЗБОР (Албански медиуми) – Вагнер и Ноќните волци создаваат хаос на северот на Косово, Србите го суспендираат животот на северот, над 13 илјади Албанци побарале азил во Велика Британија

    ЗЕРИ – Ивана Страднер: Вагнер и Ноќните волци создаваат хаос во Косово

    Специјалната дописничка  на KyivPost Ивана Страднер го коментираше протест на границата меѓу Косово и Србија за време на викендот.

    Таа вчера на Твитер напиша дека Русија нема потреба да испраќа тенкови и воени авиони на Балканот.

    „За косовската криза денес… Русија ги има своите екстремно десничарски полномошници, разузнавачката мрежа, Вагнер, Ноќните волци итн., да направат хаос и да ја стават Србија во дефанзива за да одговори. Се надевам дека Србија денеска ќе биде паметна“, напиша Страднер, пренесе косовскиот медиум Зери.

    ИНСАЈДЕРИ –Крстиќ: Србите донесоа одлука да го суспендираат животот на северот

    Српскиот новинар во Косово, Бранислав Крстиќ ,кој  веќе извесно време зборува за ситуацијата создадена на северот на земјата за  „ИнДокс“ на косовскиот  весник Инсајдери,  вели  дека „Србите донеле одлука да го прекинат животот“, нагласувајќи дека животот таму станал многу тежок.

    „Не зборувам како новинар, туку какво е мислењето на обичните граѓани на северот. На север сега ги имаме барикадите, повеќето луѓе се должни, зборувам за оние кои се под буџетот на државата Србија, тие се должни да бидат таму. Не работат училиштата, не работат кафетериите. Аптеките и продавниците за храна работат, но што е овој живот? Србите донесоа одлука да си го суспендираат животот, суспендирајќи им го животот на граѓаните на север, што значи многу, многу лоша и тешка ситуација“, изјави Крстиќ за Инсајдери.

    ГАЗЕТА ШЌИП:  Над 13 илјади Албанци се регистрирани како баратели на азил во Британија за 9 месеци во 2022 година

    Според официјалните податоци за имиграција од британската влада, обработени од „Монитор“ во периодот јануари-септември 2022 година, 13.272 албански државјани побарале азил во Британија.

    Во третиот квартал од годинава бројот на баратели на азил од Албанија е речиси двојно зголемен во однос на првите 6 месеци кога азил побарале околу 7 илјади албански државјани.

    Во текот на деветте месеци од оваа година, во Велика Британија се  регистрирале  52.525 баратели на азил од целиот свет, од кои 25% биле од Албанија, пренесува албанскиот медиум  Газета Шќип.

    Д. Тахири

    Извор: civilmedia.mk

    Exit mobile version