Последни написи

Груевски во егзил со поголем рејтинг од Мицкоски

Поранешниот премиер и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, бегалецот Никола Груевски е најомилен политичар во Северна Македонија пред актуелниот лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, покажува последната анкета на Центарот за анкетни истражувања на Меѓународниот републикански институт (ИРИ) за Северна Македонија.

На прашањето на ИРИ – „Кога размислувате за луѓето во политичкиот живот, на која личност од Северна Македонија гледате најповолно”, најголем дел од испитаниците рекле дека тоа е поранешниот премиер Груевски.

Довербата за него е 7%, односно пораснала двојно, споредено со минатогодишните 3%. Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски има доверба од 6%, односно му се намали довербата споредбено со лани кога имаше 8 отсто.

Д.М.

 

(Извор: CIVILMEDIA)

Latest Posts

Не пропуштај