Последни написи

23 компании се регистрирале за учество на НАТО јавните набавки, министерката Петровска ги охрабри и другите да ги искористат овие можности

На денешната промоција на поткомитетот „НАТО и бизнис заедницата“ во Стопанската комора министерката за одбрана, Славјанка Петровска, истакна дека до сега постапка за регистрација за учество на НАТО јавните набавки имаат направено 23 компании. Таа во својот говор ги охрабри и ги покани и другите компании да ги искористат овие можности, а со тоа и да придонесат за јакнење на економијата во државата.

Марјан Ѓуровски, претседател на комитетот „МКД НАТО 2030“

„Овој Центар мора да се искористи. Нашата цел е да им помагаме на компаниите првенствено да извршат регистрација во НАТО агенциите, а потоа да добијат пристап до објавените тендери. Центарот е во функција на пренесување на научените лекции за успешно аплицирање на тендери, како и за поврзување на македонските компании со светските гиганти кои веќе имаат активни договори со НАТО агенциите, а имаат потреба од добавувачи, рече министерката Петровска пред присутните бизнисмени. Таа истaкна дека НАТО не е само безбедност, туку и економска шанса.

„Со членството во НАТО се создаде можност компаниите од нашата земја да учествуваат во нивните тендерски постапки и да понудат производи кои би можеле да ги испорачаат за потребите на Алијансата“, рече Петровска додавајќи дека се работи за еден значителен буџет, или неколку милијарди евра.

Антони Пешев, Извршен директор на Стопанска комора

-Како дел од евроатлантското семејство, Северна Македонија е доверлив и достоинствен сојузник, а НАТО пазарот е компетитивен пазар којшто не треба да ни претставува пречка, туку да ни биде дополнителен мотив да бидеме подобри, поефикасни и поквалитетни. НАТО пазарот е потенцијал за дополнително раздвижување на целата наша економија, затоа што спектарот за потребите на НАТО за кои се распишуваат набавки е широк, а за огромен дел од тие потреби, во нашата земја има компании што ги нудат тие производи или услуги со конкурентни цени, рече Петровска.

Присутни бизнисмени и членови на Стопанска комора

Додаде дека во земјава има големо производство кое може да биде понудено, пред сѐ во делот на прехранбената, текстилната, металната индустрија, како и во делот на пропратните логистички потреби.

За поткомитетот „НАТО и бизнис заедницата“, кој е дел од проектот МКД НАТО 2030, истакна дека цели кон создавање сојузништво или партнерство, помеѓу Министерството за одбрана, граѓанското општество и коморите.

Присутни бизнисмени и членови на Стопанска комора

Извршниот директор на Стопанската комора Антони Пешев истакна дека во НАТО се земјите кои се во самиот врв на економската моќ и се бараат високи стандарди, но и количества на производи.

„Токму заради тоа Комората може да помогне многу заради својата можност заеднички со партнерските комори од регионот да направат заеднички конзорциуми и заедно да настапат во делот на задоволувањето на потребите на НАТО во Македонија“, рече Пешев.

Токму, поткомитетот, како што рече, ќе овозможи организирано и систематски да му пријдат на проблемот што претставува извонредна прилика за речиси сите наши компании.

-Потребни се сериозни инвестиции кои ќе им овозможат на компаниите да постигнат многу повисоко ниво на квалитет и стандард што подоцна може да се искористи и при пласманот на производите во Европа и во развиените земји, посочи Пешев.

Присутни бизнисмени и членови на Стопанска комора

Професорот Марјан Ѓуровски, претседател на комитетот „МКД НАТО 2030“ пред присутните ги облазложи деталните активности на поткомитетот „НАТО и бизнис заедницата“. Се работи за креирање на посебна програма за градење на алатки, механизми, постапки и посебни настани кои ќе го олеснат пристапот на македонските компании на НАТО пазарот.

(Извори: brif.mk)

Latest Posts

Не пропуштај