Последни написи

Жил Штрифлер, Балкан Форум: Националистичките чинители на Балканот профитираат од тешкотиите на луѓето

Истражувачот на регионалната невладина организација, Балкан Форум, Жил Штрифлер, кој извесен период веќе ги следи состојбите на Балканот, во интервју за ЦИВИЛ Медиа коментирајќи ја политичката состојба на Балканот вели дека националистичките чинители на овие простори го прават својот бизнис од тешкотиите на луѓето.

„Мислам дека политиката служи да се извлече максимумот од поделбата, да се поделат луѓето и да се трупа капитал. А  срамно е на овој начин на постапување  затоа што луѓето само сакаат мир, стабилност и да живеат во хармонија еден со друг. И мислам дека секој друг, кој проповеда за поделба на заедниците, за вртење едни против други, е криминалец, додава тој коментирајќи ја политичката состојба на Балканот“, вели Штрифлер.

Тој додава дека приоритет на „Балкан форум“ е зачувувањето на мултиетничкото косовско општество и дека потпалувачката реторика треба јасно да се остави зад себе, и секоја страна која тврди дека прибегнувањето кон насилство е решение наместо мирен дијалог е криминалец.

Балкан Форум е една од иницијаторите за формирање на „LogEx“ мрежата.

*

Заедницата LogEx е основана во декември 2021 година. Тоа е партнерство помеѓу универзитети и академици, граѓански организации и бизнис актери од  Западен Балкан и дијаспората во регионот. LogEx е конзорциум од различни организации со заедничка идеја како што е циркуларната економија, безбедноста, развој на стратегии како да продолжи фокусот на овие теми, со цел да се промовираат и да се вклучат различни субјекти од општеството, како бизнис секторот, локалните власти, централните власти, со цел да се подобри законодавството како и мерките кои треба да бидат поддржани. Примарната цел е како да се привлече вниманието на младите за да бидат посвесни за потенцијалот, личниот развој и секако вработувањето преку циркуларната економија.


 

(Извор: CIVILMEDIA)

Latest Posts

Не пропуштај