Студентите сместени во државните студентски домови ќе имаат индивидуални студентски картички. Нивна цел е да го дигитализираат процесот на креирање договор за домување и да го олеснат административниот дел во сместувањето во скопските студентски домови.
Државниот студентски Дом – Скопје ги извести студентите сместени во домовите дека рокот за аплицирање за Студентска картичка е најдоцна до 23.12.2022 година, за да може да им биде врачена и да започнат со непречено користење на поволностите што ги нуди.
„Ве молиме да го почитувате утврдениот рок и да аплицирате согласно инструкциите дадени во видео упатството, а доколку Ви е потребна дополнителна помош за аплицирањето, да се обратите до службите на Државниот студентски дом „Скопје“ – Скопје на некој од следните начини: преку директна порака на нашите Facebook и Instagram профили или пак преку електронска пошта на contact@dsdskopje.mk“, пишува во известувањето објавено на ФБ страницата на Државниот студентски Дом- Скопје.
Студентите ќе можат да аплицираат за добивање картичка со креирање профил на веб-страницата на Државниот студентски дом.
М.У