Последни написи

Сите балкански метрополи украсени, Скопје обвиено во мрак

Сите балкански метрополи се веќе украсени додека Скопје се уште не ја чувствува новогодишнта атмосфера.

На пример според српскиот портал Дан у Београду, Белград е украсен уште од 25 ноември оваа година.

 

После неполна недела, на 1 декември во новогодишен свај светна и Софија. На плоштадот пред  Народниот театрот „Иван Вазов“ со танцови и музички групи и 3Д мапирање на плоштадот, официјално и оваа метропола го започна одбројувањето до Новата година, пишува на страната на dariknews.bg.

Неколку дена подоцна, на 5 декември оваа година, во Тирана се запалија празничните светилки.  Плоштадот „Скендербег“ за разлика од минатата година,  сега е украсен, а освен празнична атмосфера, поставена е и „Фан зона“ за следење на Светското првенство, дознаваме од NTV Televizion.

Во Солун, на 7 декември 2022 година на плоштадот „Аристотел“ блесна 18-метарската новогодишна елка, додека целиот настан кулминираше со концерти на популарни грчки имиња.

Пред два дена, на 13.12.2022 година и Приштина ја осветлија новогодишните светилки по повод престојните празници.

Додека главните градови ширум Балканот со недели ја чувствуваат новогодишната еуфорија, Скопје и скопјани се сеуште завиткани во мрак.

Како што соопштува и РСЕ, поголемиот дел од скопските општини ќе останат неукрасени.

 

Latest Posts

Не пропуштај