Последни написи

Косовски аналитичари за „Локално“: Приштина не сака тензии, иако ЕУ кон нас се однесува со двојни стандарди

„Јас сум дипломат и мислам дека е многу подобар начин да се отстранат барикадите со политички договор отколку со булдожери“, изјави специјалниот пратеник на ЕУ за Западен Балкан, Мирослав Лајчак, по средбата со косовскиот премиер Албин Курти. Точно една недела по неговата претходна посета на Приштина, Мирослав Лајчак денеска повторно е на Косово, поради последните тензии и барикади на дури пет места на северот на Косово. Ситуацијата на Косово ја оцени како многу тешка, а атмосферата вжештена. На средбата меѓу Лајчак и Курти присуствуваше и специјалниот пратеник на САД за Западен Балкан, Габриел Ескобар.

Во однос на барикадите, косовската јавност смета дека тамошните институции имаат капацитет за нивно отстранување, но сака прашaњето да се реши по мирен пат. Политичкиот аналитичар Албинот Малоку во разговор за „Локално“ вели дека посетата на Ескобар, е во духот на американскиот ангажман за изнаоѓање решенија кои се соочуваат со процесот на дијалог меѓу Косово и Србија, а особено со актуелните кои се создадени во четирите општини каде што живее српското мнозинство, кое е блокирано со барикадите поради влијанието на официјален Белград.

-Животот не се одвива нормално. Дипломатот Ескобар побара мир и продолжување на дијалогот. Како што вели дипломатот Ескобар, очекува што поскоро решение на ситуацијата. Косово е решено да ги послуша советите на своите сојузници за оваа не толку добра ситуација во која се наоѓаат граѓаните на овие општини. Поминаа пет дена откако Србите под контрола на Александар Вучиќ поставија барикади, што им го отежна животот на граѓаните во северно Косово. Решението е можно, но српскиот претседател Вучиќ ќе ја искористи оваа ситуација и треба да се изврши притисок да се одблокира по мирен пат, истакнува Малоку.

Според него, премиерот на Косово Албин Курти, како и претседателката Вјоса Османи, и покрај волјата за нормализирање на ситуацијата на северот, чекаат совети од своите сојузници околу целата ситуација.

-Косово никогаш не било заинтересирано за тензии, туку за воспоставување на законитост, што Европското инвестирање како предуслов за напредок на европската перспектива на Косово. Европската унија треба да биде упорна, но кон Косово се однесуваат како и обично со двојни стандарди. САД бараат мир, но внимателно и почитувајќи ги границите на акциите на страните. Гаранциите на САД се многу важни за Косово и ги доби тие гаранции, појаснува Малоку.

Бесмислено и надвор од контекст, потенцира тој, е барањето на српскиот претседател Вучиќ, кој најави дека ќе го испрати КФОР за враќање на српските воени сили на Косово.

-Но, нему му е потребна каква било ескалација за да го држи под што поголема контрола политичкиот кор на Србите на Косовои оние кои веруваат во Вучиќ дека тој е „спасител“. Вучиќ манипулира со Србите на Косово. Секој обид за влез во Косово од страна на српските воени сили е воена агресија и како таков е неприфатлив, освен против мирот на Косово и на Балканот. Не очекувам дозвола од НАТО и САД за ова. Република Косово не е заинтересирана за војна или конфликт, туку за европската перспектива за неа и за регионот, порачува аналитичарот.

Од друга страна, политичкиот аналитичар Фадиљ Љепаја е убеден дека САД се навистина заинтересирани за нормализација на односите меѓу Косово и Србија. Тој за „Локално“ порача дека Американците ставија до знаење дека го поддржуваат европскиот процес на дијалог кој ќе заврши со взаемно признавање и во секоја прилика ја охрабруваат Србија да гради европски пат преку мирни средства и дијалог со соседот Косово.

-Не верувам дека има шанси за враќање на српските војници или полицајци на Косово, а не е ни потребно кога има КФОР и ЕУЛЕКС кои им помагаат на косовските институции да го гарантираат мирот и безбедноста и на сите граѓани, ни рече Љепаја.

Што се однесува до барикадите, вели тој, пораката од сите западни канцеларии е јасна, вклучително и САД, дека тие треба да се тргнат и двете страни да најдат мирно решение за новосоздадената ситуација.

-Се разбира, господинот Ескобар не дојде да се занимава со оперативни прашања, а неговото присуство на Балканот во овој момент служи за да ги направи сите страни поодговорни и да не придонесува за заострување на односите и ескалација на кризата во регионот под влијанието на војната во Украина. Ова е можност Србија да ги ослабне и да се откаже од паралелните структури на Косово, кои во претходната фаза беа вклучени во косовските институции преку дијалог, а кои всушност и служеа само на државата Србија, а не на граѓаните кои ги гласале, оценува аналитичарот.

Тој смета дека Србија ќе се вразуми и дека ќе сфати дека барикадите и постојаните притисоци врз меѓународните сили и заканите за мирот нема да донесат никаква корист ниту за Србите на Косово, ниту за државата Србија.

-Клучот за сите проблеми на Србија со соседите е искрената ориентација на државата Србија кон европските процеси и соработката со соседите, пред се со Косово. Ако српската политика реално сфати за што се работи, тогаш ќе ги охрабри косовските Срби да се интегрираат во косовското општество и институции и со тоа да ја сочува Србија од понатамошна дезинтеграција, заклучува Љепаја.

Фото: Kurir.rs, AP Olivier Matthys

Н.П.

Извор: lokalno.mk

Latest Posts

Не пропуштај