More

    Исплата за студентски оброк ќе има до крајот на месецот

    Министерството за образование и наука информира: „Исплата на средства по основ на субвенциониран студентски оброк ќе има до крајот на тековниот месец. Сите студенти кои ќе го остварат правото, ретроактивно на своите трансакциски сметки ќе добијат парични средства за два и пол месеци, односно за половина септември и за октомври и ноември.
    Во моментов, комисија во рамки на Министерството за образование и наука задолжена за проверка дали студентите/апликантите ги исполнуваат условите согласно Законот за субвенциониран студентски оброк, врши компарација на податоците наведени во апликациите и податоците кои ги добивме од другите надлежни институции – УЈП, АВРМ, ФПИОМ, МВР и сите универзитети.“

    Exit mobile version