Денеска заедно со министерот за Европа на Обединетото Кралство, Лео Докрти, и амбасадорот Н.Е. Метју Лосон, ја посетивме една од најголемите британски инвестиции во нашата земја, Џонсон Мети.
Нашата земја е најголем трговски партнер на Обединетото Кралство од цел Западен Балкан а на денешната средба и посета само ги потврдивме заложбите и можноста за развој на соработката.
Со министерот Докрти осваривме средба и на мојата неодамнешна посета во Лондон, каде разговаравме за инвестиции во обновливи извори на енергија но и размена на знаење на ова поле.
Им благодарам на Џонсон Мети за нивното гостопримство денеска но и за нивната целокупна работа и развој во нашата земја. Тие се веќе со раст од околу 1000 вработени и се една од технолошки најнапредните компании, кои работат по највисоки стандарди напиша Битиќи.
(Извор: 24инфо)