Последни написи

Нови 15 закани со бомби денеска испратени до скопските училишта

Утрово на електронските адреси на 15 училишта во Скопје пристигнале закани за поставени експлозивни направи . МВР соопшти дека нивните екипи се веќе на терен и преземаат активности за проверка на училишните објекти.

– Денеска (14.12.2022) околу 08.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на електронските адреси на 15 училишта во Скопје е упатена закана за поставена експлозивна направа. Веднаш по добиените пријави, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на објектите и во тек се антитерористички проверки и се преземаат мерки за расчистување на случаите – соопштија од МВР.

Анонимните дојави за поставени бомби во средни и основни училишта траат веќе подолго време, а на почетокот на неделава закани за бомби беа примени и на електронските арееси на неколку институции и трговски центри.

Р.С

 

Latest Posts

Не пропуштај