More

    Калеска Ванчева во „Топ Тема“: Помошта од тимот за санкции од САД не е пораз за институциите, туку соработка и помош

    Пратеничката од редовите на СДСМ во Собранието на РСМ, Снежана Калеска – Ванчева, во вчерашното гостување на „Топ тема“ на ТВ Телма истакна дека помошта од тимот за санкции од САД не е пораз, туку соработка и помош за
    институциите.

    – Не би рекла дека доаѓањето на тимот за санкции од САД е пораз за институциите, туку тоа е знак на соработка и помош и јасен сигнал дека корупцијата не може да се толерира“ изјави Калеска – Ванчева.

    Корупција постои секаде, како што може да се види со најновиот корупциски
    скандал во Европскиот Парламент, но таму се гледаат брзо и одлучни реакции, нешто што очигледно недостасувало кај нас, посочи таа.

    – Дали е тоа поради немање доволно капацитети од објективни или субјективни причини е предмет на анализа, но факт е дека споро се движат работите и честопати немаме вистинска разрешница. Мислам дека ваквата поддршка и помош од нашите вистински пријатиле е
    поефикасна од само давање пари, изјави Калеска Ванчева.

    САД изминатите години има издвоено огромни средства за помош и јакнење на капацитетите на институциите, особено во правосудниот сектор, потсети пратеничката во гостувањето во „Топ Тема“.

    Р.С

    Exit mobile version