More

    Маричиќ: Американскиот тим и нивните механизми за борба против корупцијата се добредојдени, клучно е да функционираат домашните институции

    Во вчерашното гостување во ‘Само вистина’ на Канал 5, коментирајќи ја црната листа на САД, вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ ја поздрави најавата за американскиот тим за борба против корупцијата, и истакна дека таквиот вид на санкции се добродојдени. Според него, сепак е клучно да функционираат домашните институции.

    -Видете, нема фаза развојна на нашата држава во која што ние не сме добивале помош од нашите меѓународни партнери за градење на институциите и за важни процеси, сакатe пржински процес, сакате процесот уште од 90’ ако почнеме, процесот на градење на институциите, реформите поврзани со НАТО кои што ги правивме во МО и МНР и во сите други области, така и со реформите за ЕУ, потсети Маричиќ.

    Тој посочи дека прашањето за борба против корупција не е ново кај нас.

    -Вие се сеќавате дека ние формиравме специјално јавно обвинителство во 2015 година заради тоа што институциите се заробени, затоа може да се процесира корупција. И треба да влезат и да ни помогнат затоа што ние со сите оние работи кои сме ги направиле се уште имаме проблеми, немаме направено ветинг кој што ја имаме ветувано во 2017, а не го направивме затоа што немавме поддршка од ЕУ, истакна Маричиќ.

    Exit mobile version