Во вчерашното гостување во ‘Само вистина’ на Канал 5, коментирајќи ја црната листа на САД, вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ ја поздрави најавата за американскиот тим за борба против корупцијата, и истакна дека таквиот вид на санкции се добродојдени. Според него, сепак е клучно да функционираат домашните институции.
-Видете, нема фаза развојна на нашата држава во која што ние не сме добивале помош од нашите меѓународни партнери за градење на институциите и за важни процеси, сакатe пржински процес, сакате процесот уште од 90’ ако почнеме, процесот на градење на институциите, реформите поврзани со НАТО кои што ги правивме во МО и МНР и во сите други области, така и со реформите за ЕУ, потсети Маричиќ.
Тој посочи дека прашањето за борба против корупција не е ново кај нас.
-Вие се сеќавате дека ние формиравме специјално јавно обвинителство во 2015 година заради тоа што институциите се заробени, затоа може да се процесира корупција. И треба да влезат и да ни помогнат затоа што ние со сите оние работи кои сме ги направиле се уште имаме проблеми, немаме направено ветинг кој што ја имаме ветувано во 2017, а не го направивме затоа што немавме поддршка од ЕУ, истакна Маричиќ.