Последни написи

Грковска: Мора заеднички да работиме и да се справуваме со дезинформациите како негативна појава

Славица Грковска, Заменик на Претседателот на Владата задолжен за политики за добро владеење, на денешната конференција на тема „Справување со дезинформациите преку поголема транспарентност на институциите, во организација на Институт за комуникациски студии, нагласи дека сите ние мора заеднички да работиме и заеднички да се справуваме со дезинформациите како негативна појава:
„Бидејќи одговорноста е заедничка. Таа не може да се лоцира само кај Владата, ниту пак да се аргументира само со степенот на транспарентноста на Владата и на државните институции. Важно е да се работи на унапредување на медиумската писменост, да го развиваме критичкиот осврт на вестите што граѓаните ќе ги прочитаат.
Само на тој начин ќе изградиме стабилен и силен одбранбен механизам на дезинформациите, преку критички осврт, преку преиспитување на информациите, преку барање на втора, па и на трета страна. Тоа можеме да го постигнеме само со градење на медиумска писменост кај сите нас.“

Latest Posts

Не пропуштај