More

    (ВИДЕО) Интервју со Дарио Николовски: Зелената енергија е иднината и ние максимално вложуваме во неа

    Владата изработи стратегија за развој на енергетиката до 2040 година согласно европскиот „зелен договор“ што налага производството на електрична енергија од обновливи извори да се зголемува.

    Според зборовите на директорот на Агенцијата за енергетика Дарио Николовски „Она што е нај актуелно периодов е завршната фаза на ветерниот парк Богословец во Св. Николе. Тоа е ветерен парк што треба до крајот на годината да се заврши со техничките процедури и се надевам дека од идната година ќе почне со работа“, вели тој во интервју за Фронтлајн.

    Станува збор за голем ветерен парк од осум турбини со моќност од 36 мегавати и со тоа ќе биде поддршка за целиот енергетски систем во земјата, особено сега во време на светска енергетска криза, појаснува Николовски.

    Тој нагласува дека од увидот на терен видливо е дека сè е инсталирано и се очекува само да се изврши пробната намена, да се финишира со целата потребна документација и да се пушти во употреба.

    „Станува збор за приватна инвестиција од околу 50 милиони евра, а инвеститорите веќе покажуваат интерес за нова инвестиција благодарејќи на политиките на Владата кои создаваат добра бизнис клима за големи инвестиции на полето на енергетиката“, вели Николовски.

    Што се однесува до ветерниот парк во Богданци, според директорот на Агенцијата за енергетика Дарио Николовски, се подготвува зголемување на неговиот капацитетот и ЕСМ работи на негово проширување со уште три турбини со што вкупниот капацитет би се зголемил од постојните 36 на 50 мега вати моќност.

    „Кога зборуваме за обновливи извори на енергија не треба да се заборави и најголемиот проект досега, а тоа е ветерниот парк што го гради германската компанија ВПД. Се работи за 500 милини евра инвестиција во ветерен парк со моќност од над 400 мега вати што ќе ја обезбедуваат 69 ветерници. Во меѓувреме освен ветерни паркови беше пуштена во употреба и најголемата досега фото напонска централа од 17 мега вати“, вили директорот на Агенцијата за енергетика Дарио Николовски во интервјуто за Фронтлајн.

    Љубиша Николовски

    Камера: Александар Ризински

    Монтажа: Ариан Мехмети

    Извор: frontline.mk

    Exit mobile version