Последни написи

(ИЗБОР) Албански медиуми: Апликацијата на Косово за членство во ЕУ ќе го вжешти прашањето за Северот, затворени српските училишта во Митровица, иницијатива за комеморативен симбол на геноцидот во Косово, Полска –гаранција за успех на Берлинскиот процес

КОХА – Билд: Прашањето ќе се вжешти кога Косово ќе ја поднесе својата апликација до ЕУ

„Поранешниот премиер на Шведска, Карл Билд изјави дека прашањето за северот ќе се вжешти откако Косово ќе поднесе барање за добивање статус на земја кандидат за Европската унија.

Тој во неделата вечерта на Твитер напиша дека пред да се поднесе апликацијата, има договори кои мора да се почитуваат и дека „мора да се преземат тешки чекори“, пренесува КОХА.

СЛОБОДНА ЕВРОПА – Српските училишта во северно Косово се затворија

Основните и средните училишта во општините на северот на Косово нема да работат до дополнително известување, поради актуелната безбедносна состојба, потврди за Радио Слободна Европа директорот на основното училиште „Свети Сава“ во Северна Митровица, Миодраг Јовановиќ.

ГАЗЕТА ШЌИП -Велика Британија ја започна депортацијата на Албанците

Велика Британија денеска во Тирана депортира 11 Албанци, меѓу кои се осудени на повеќегодишна затворска казна и илегални имигранти, пренесе Газета Шќип.

ЦГК –  Цвет со четири ливчиња да стане уникатен комеморативен симбол на геноцидот во Косово

„Косовскиот Центар „Геноцидот во Косово – отворена рана“ се обрати до институциите на Косово со барање црвениот цвет со четири ливчиња да стане уникатен комеморативен симбол на геноцидот во Косово. Барањето е доставено до претседателот, премиерот и до претседателот на Собранието на Косово, до пратениците на Собранието на Косово како и до сите политички партии.“ пишува меѓу другото во соопштението на страницата на Центарот „Геноцид  Косово – отворена рана“.

ПАНОРАМА -Политичката моќ на Полска, гаранција за успехот на Берлинскиот процес

„Полска е единствената политичка сила на земјите од „Вишеград“ која нема нерешени политички проблеми со ниту една од земјите од регионот. Таа е политичката сила која потпиша посебни договори со Албанија, Црна Гора и Србија за помош во интеграцискиот процес, и останува политичката сила која игра водечка улога во иницијативата наречена „Три мориња“ која ги вклучува земјите од Балтичко, Црно и Јадранско Море.“, пишува Ардит Ѓинали во колумната „Политичката моќ на Полска, гаранција за успехот на Берлинскиот процес“.

Д. Тахири

Извор: civilmedia.mk

Latest Posts

Не пропуштај