Последни написи

ИФИМЕС: Руското влијание е голема опасност за Западен Балкан

Руското влијание на Балканот станува преголема опасност за Западот, кој долго време го запоставува овој регион, се вели во најновата анализа на институтот ИФИМЕС, посветена на Самитот ЕУ-Западен Балкан. Во анализата се додава дека Русија во моментов е преокупирана со агресија врз Украина, а рускиот претседател Владимир Путин се спасува себеси и својата империја. Западен Балкан е во тек. „Путинците“ во регионот чекаат сигнал за акција.

-Евентуален конфликт на Западен Балкан повеќе не би бил локален, туку европски и би ја вклучила ЕУ, бидејќи повеќе не постои монополарен свет (САД) како во 90-тите години на минатиот век, туку полицентричен и има актери кои се подготвени да ја „запалат“ Европа.

Аналитичарите сметаат дека Србија зазема посебно место во регионалните односи и европската перспектива, како највлијателна земја во регионот, бидејќи без европска Србија нема европски Балкан. Србија е на еден вид крстопат.

Се поставува прашањето, дали ЕУ сака Србија во сојуз со Русија и Кина, кои ја вклучуваат Србија во нивните геополитички, воени и економски интереси надвор од ЕУ, или ЕУ сака да и помогне на Србија да стане полноправна членка на ЕУ. Во овој случај, изборот е на ЕУ, која треба да и помогне на Србија и да престане со постојаното условување на таа балканска земја. ЕУ е одговорна за фијаското на дијалогот меѓу официјален Белград и Приштина. Постојаните инциденти и блокади, кои главно и се припишуваат на владата во Приштина, не се добра појдовна точка, дека наскоро ќе биде потпишан сеопфатен правно обврзувачки договор за нормализација на односите, а тоа ја претставува реалната слика за состојбата на односите во ЕУ, пишува во анализата на ИФИМЕС.

Оттаму потсетуваат дека американскиот амбасадор во Србија Кристофер Хил рече дека Србија е во специфични околности кога станува збор за воведување санкции против Русија, главно поради нејзината голема зависност од руските енергетски извори и дека тоа е сложена слика за која може само да се каже „приклучи се на санкциите“.

М. Д.

Извор: civilmedia.mk

Latest Posts

Не пропуштај