More

    Хрватска влегува во Шенген зоната, блокада за Бугарија и Романија

    Чешкото претседателство на ЕУ во твит објави дека Шенгенската зона за прв пат се зголемува по 10 години, и дека министрите одобриле влез на Хрватска на 1 јануари 2023.

    Тоа значи дека од 1 јануари Хрватска ќе нема гранични контроли на премините со ЕУ, а на пролет и на аеродромите.

    Евроњус соопшти дека Австрија ги блокираше Бугарија и Романија, а Холандија само Бугарија.

    Пред неколку дена, Бугарија се закани со контра-мерки доколку добие вето за Шенген, без да ги прецизира контра-мерките.

    Exit mobile version