Последни написи

Анкета: Граѓаните велат дека не се тие виновни што Градот не го решава проблемот со превозниците

Тред ден Скопје е блокирано од приватните автобуски превозници, поради, како што тврдат тие, милионскиот долг што кон нив го има Градот, но градоначалничката Данела Арсовска не го решава проблемот.

„Што сме ние виновни што Градот не го решава проблемот со превозот, ова не е проблем на Владата туку на градоначалничката Арсовска“, вели скопјанка во анкетата што ја спроведе ЦИВИЛ Медиа.

И останатите граѓани го делат истото мислење, иако велат дека навистина не можат да разберат во кого е вината бидејќи од меѓусебните обвинувања не можат да проценат што е вистина, а што лага.

Според досегашните изјави од Град Скопје, тие нема да ги отстранат автобусите се додека не се исполнат поставените барања за исплата на долгот што го побаруваат од Град Скопје. Арсовска веќе неколку дена тврди дека не е одговорна за проблемот, ниту пак нуди решение со кое ќе им се скратат маките на скопјани, па топката ја префрла на централната власт.

Блокирањето на три главни крстосници во Скопје го парализираше градот, па граѓаните губат термини за лекар, доцнат на часови, ги молат шефовите да им дозволат да работат од дома…

„Дали е партиска пресметка или јавно претпријатие со приватно, треба да си го решат спорот, а не да ги малтретираат граѓаните… според мене треба политичко решение“, вели еден од анкетираните граѓани.

Од Град Скопје вчера соопштија дека денеска ќе биде објавен нов јавен повик за приватните автобуски превозниците на линиите со број 20 и 22, но ниту „Слобода Превоз“ ниту „Макекспрес“ нема да можат да конкурираат една година од денот на раскинување на договорот поради прекршување на одредбите од договорот од нивна страна.

Андреја Ристески

подготви: С. Танеска

камера и монтажа: Александар Ризински

 

(Извор: CIVILMEDIA)

Latest Posts

Не пропуштај