More

    „Полиграф“: Дали Швајцарија бара работници за плата од 3.200 франци месечно?

    YouTube player

    На 16.11.2022, порталот „Lajme Rufe“ (Гром вести) објави наслов „Добри вести: Швајцарија бара работници со плата од 3200 франци месечно, еве ги деталите…“.

    Во кусиот текст се тврди дека „Швајцарија е во криза за работници“ и дека „Пред околу една година, владата и синдикатот на земјоделците во Швајцарија заеднички започнаа проект за интегрирање на бегалците на пазарот на трудот“.

    Но, како што укажуваат проверувачите на факти од „faktoje.al“, „Секој што ќе кликне на оваа вест, ќе открие дека станал плен на „јадица за кликови“, бидејќи за информацијата објавена во насловот нема воопшто детали внатре во веста“. Затоа, од Фактоје.ал уште во насловот заклучуваат дека „Швајцарија не бара работници со 3.200 франци месечно“.

    Освен тоа, ако се пребара на Гугл реченицата дека „Швајцарија бара работници со плата од 3200 франци месечно“, се добиваат многу речиси идентични вести на повеќе албански портали во текот на годините, од 2016 година па досега.

    Затоа, читателите треба да бидат внимателни, да проверуваат и да не наседнуваат на стари вести кои им се подметнуваат како нови и „добри вести“, од портали кои се обидуваат да ја зголемат својата читаност со „кликбејт“ наслови.

    Exit mobile version