More

    Дали Ленин Јовановски е врската помеѓу Путин и Мицкоски?

    По руската агресија во Украина, Ленин Јовановски стана лицето на руската пропаганда во Македонија, учествувајќи на повеќе дебатни емисии, во кои ги застапуваше руските пропагандни ставови.

     

    На својот Фејсбук профил, Ленин воопшто не ја крие својата дружба со Путин, со кого остварил неколку средби преку рускиот пропаганден моторџиски клуб „Ноќни волци“.

     

    Ленин Јовановски е еден од главните промотори на Путин во Македонија, како и на Путиновите ставови за „Руската специјална воена операција во Украина“.

     

    На неговиот Фејсбук профил, Ленин Јовановски споделува ставови на Путин, руски пропагандни видеа, руски воени авиони, и други руски пропагандни содржини.

     

    „Ноќните Волци“ предводени од Ленин Јовановски им дадоа поддршка на протераните руски дипломати, испраќајќи ги до македонско-српската граница.

     

    Ленин – водач на проруското лоби во ВМРО-ДПМНЕ?

    На 8 јуни 2022, Зоран Јовановски сподели дека заедно со Ленин Јовановски одржале средба на про-руското лоби на ВМРО-ДПМНЕ: „Сепак одлучивме дека НАЈДОБРА локација во градов за првата јавна средба (па и журка) на про-руското лоби во ВМРО-ДПМНЕ, е токму кафичот Ван Гог. Односно кафичот на братот Ленин Јованоски…Но, што е про-руското лоби во ВМРО-ДПМНЕ? Тоа е лоби група (внатре во партијата) со цел да ја балансира и усогласува партиската политика со волјата на членството, кое што е предоминантно СЛАВЈАНО-ФИЛСКО и РУСО-ФИЛСКО.“, напиша Зоран Јовановски, споделувајќи фотографија од средбата.

    Освен тоа, Ленин Јовановски се вклучувал отворено неколку пати во партиските кампањи на ВМРО-ДПМНЕ.

    Ленин Јовановски беше заштитно лице во кампањата на ВМРО-ДПМНЕ „Избери дела“ во 2013.

    Моторџиите „Ноќни волци“ на Ленин ги поддржаа и протестите против „Тиранската платформа“ во 2018, кои исто така беа поддржувани од Путиновата пропаганда.

    И во кампањата за Локалните избори 2021, Ленин беше еден од главните поддржувачи на Данела Арсовска. За време на кампањата, Ленин Јовановски објавуваше пропагандни песнички за Данела:

    „МАКЕДОНИЈА цела
    ја поддржа ДАНЕЛА

    Сите ние во НЕДЕЛА ,
    Гласаме за ДАНЕЛА

    И датумот вели ДА,
    Заокружи 82
    31.10.2021
    31+10+20+21=82

    ДАНЕЛА Арсовска ЖЕНА-ТИТАН“

    На 15 јуни 2022 самиот Ленин објави дека е станал претседател на новоформираниот Совет за сообраќај на Град Скопје, за што и се заблагодари лично на Данела Арсовска: „Благодарам за укажаната доверба и чест како претседател да раководам со ова експертско советодавно тело на градоначалникот на Град Скопје.“

    На 15 јули 2022 Ленин Јовановски објави повеќе фотографии како протестира заедно со Христијан Мицкоски против „Францускиот предлог“.

     

     

     

     

     

     

    Exit mobile version