More

    По реизборот за претседател на ЗНМ, Чадиковски порача: Уште посилно за етика, за правда и професионализам

    Веднаш по реизборот за прв човек на ЗНМ, по маратонското изборно собрание, Чадиковски даде изјава во која ги повтори заложбите за професионалност, правда, етика во новинарството. Тој ја истакна и намерата да се засили потенцијалот на македонското новинарство за да може најверно да им служи на граѓаните, известува ЦИВИЛ Медиа.

    Чадиковски однесе убедлива победа на изборот за прв човек и органите на ЗНМ на најголемиот собир на оваа фела од своето основање во 1946 до денес.

    На собранието дојдоа и беа регистрирани дури 456 медиумски работнички и работници, членови на ЗНМ. Чадиковски доби 229 гласови. Противкандидатот Марјан Николовски доби 85, додека актуелната потпретседателка на ЗНМ, Фиљана Кока, доби само 40 гласови.

    Собранието на ЗНМ кое брои околу 1.000 членови, започна во 10 наутро и заврши во 18 часот.

    Во пресрет на изборот за претседател на ЗНМ, Цивил ги покани тројцата кандидати на интервју, на што сите одговорија позитивно. Нивните изјави беа објавени посебно, а непосредно пред изборот, беше објавен и посебен прилог со сите тројца во кои беа истакнати нивните главни заложби во кандидатурите.

    (извор: ЦИВИЛ Медиа)

    Exit mobile version