Последни написи

ДДВ-то за храната останува 5 отсто, за луксузните добра – данок од 10 проценти

Прогресивниот данок се укинува и од 1-ви јануари останува данокот на личен доход на 10 проценти. Се размислува да се воведе данок за екстра профити на компании кои за време на кризата оствариле натпросечни профити.Хонорарците ќе може доброволно да плаќаат придонеси, но од 2024 година, откако ќе се направат законски измени и платформа за фриленсери.

Ова се само дел од новините во даночната реформа која треба да почне да се применува од први јануари, пренесува Цивилмедиа.

Министерот за финансии, Фатмир Бесими вели дека даночната реформа не значи зголемување даноци и даночни стапки туку се однесува на проширување на даночната основна по два основа – намалување на сивата економија и ревидирање на даночните ослободувања.Целта на оваа даночна реформа и претставениот концепт според него е воспоставување современ даночен систем кој ќе биде поправеден, потранспарентен, поедноставен и поквалитетен.

Со 10 проценти ќе се даночат луксузните производи

Покрај за платата во менаџерските договори ќе се плаќа данок на личен доход и за менаџерските бенефиции како тие за стан, возило, стипендии за деца. Кај Данокот на додадена вредност останува повластената ставка од 5 проценти за храната, но со 10 проценти ќе се даночат луксузни производи. Во повластена стапка од 5 проценти ДДВ пак ќе влезат средствата за менструална хигиена.

Бесими најави дека се размислува за воведување еден или два викенди без ДДВ, попврзани со празници, во кои граѓаните ќе може да купуваат само прехранбените производи. Даночната реформа стартува од 1 јануари, а владата веќе испланира во буџцетот за наредната година од даночната реформа да се соберат над 70 милиони евра.

„Даночната реформа не значи зголемување даноци и даночни стапки туку се однесува на проширување на даночната основна по два основа – намалување на сивата економија и ревидирање на даночните ослободувања. Целта на оваа даночна реформа и претставениот Концепт е воспоставување современ даночен систем кој ќе биде поправеден, потранспарентен, поедноставен и поквалитетен“, вели Бесими.
Македонија има широка листа на производи, во која се вклучени над 3.000 тарифни броеви. Сега таа листа ќе се ревидира и се прави согласно новата тарифна ознака што се користи во ЕУ. На таа листа со повластена стапка остануваат сите основни производи и домашни производи што се користат кај нас, но ќе се ревидираат луксузните производи кои се на таа листа.
Овој Концепт ќе има етапна примена и стартува од 1 јануари 2023 година ги содржи препораките од дебатите што ги организираше Министерството за финансии со експертската јавност, невладиниот сектор, политичките партии, бизнис заедницата и други заинтересирани страни, а поддршка за целиот процес има и од меѓународните институции.
Исто така, се прифати и барањето на бизнис заедницата за реинвестираната добивка, имајќи ја предивид актуелната состојба и влијанието на енергетската криза, патака во наредниот период ќе се работи на модел таа реинвестирана добивка да се насочи кон поддршка на енергетска ефикасност, обновливи извори на енергија, дигитализација, зајакнување на човечкиот капитал, односно да се мотивираат инвестициите онаму каде има поодржливи решенија.

Ќе се зголемуваат и казните за злоупотреби при плаќање на данок на добивка

Додека пак за производите за менструална хигиена наместо 18 ќе се плаќа 5 отсто. Ова е една од измените предвидени со даночната реформа која ќе стартува од следната година, а ја усвои Владата.Меѓу измените се предвидува и малите фирми да може да бираат дали ќе плаќаат данок на добивка или пак на вкупен приход.

Ќе се даночнат уплатите во доброволниот пензиски фонд од страна на фирмите.А, допрва ќе се дебатира дали да се воведе данок за екстра профит на фирмите кои заработиле над 20% годишно повеќе споредено со профитите од пред 4 години.
Ќе се зголемуваат и казните за злоупотреби при плаќање на данок на добивка.

Според Владата, на овој начин ќе се воведе праведно даночење. А очекувањата се во буџетот да се слеат 70 милиони евра од оваа даночна реформа која ќе се спроведува етапно во следните години.

Автор: С.Танеска

Извор: ЦИВИЛ Медиа

Latest Posts

Не пропуштај