Последни написи

Полска му забрани на Лавров да учествува на Министерскиот совет на ОБСЕ поради воената агресија врз Украина

На 1 и 2 декември полскиот град Лоѓ е домаќин на Годишниот состанок на Министерскиот совет на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ). Министрите за надворешни работи на 57-те земји-членки на ОБСЕ се среќаваат на покана на претседавачот на ОБСЕ, полскиот МНР, Збигњев Рау.

Забележително беше отсуството на рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, кој сакаше да се приклучи на состанокот, но од Полска, актуелниот претседавач со ОБСЕ, му беше забранет влез во земјата.

Полскиот претседавач, министерот за надворешни работи Збигњев Рау, рече дека има одговорност да ги брани „фундаменталните принципи“ на ОБСЕ и тврдеше дека не Полска, туку Русија ја издлаби организацијата блокирајќи голем дел од нејзината работа. Тој ја обвини Русија за ширење дезинформации против Полска, пренесува Clickondetroit.

„Би рекол дека е срамота да се слушне како Русија го обвинува претседавањето за туркање на ОБСЕ во бездна, уништување на нејзините основи и кршење на процедуралните правила“, рече Рау.

За време на воведната сесија на Министерскиот совет , министерот Рау подвлече дека наспроти руската агресија врз Украина, раководството на ОБСЕ , поддржано од огромното мнозинство земји-учеснички, одговори на предизвикот на одговорен и внимателен начин.

 

Министерскиот совет е централното тело за одлучување и управување на ОБСЕ. Годишниот состанок е можност министрите за надворешни работи да ја разгледаат и оценат безбедносната состојба во евроатлантската и евроазиската област, како и работата на организацијата во сите нејзини полиња на делување.

извор: ЦИВИЛ Медиа

Latest Posts

Не пропуштај