Последни написи

Полиграф: Дезинформација е дека Русија не сакала промена на режимот во Киев и дека руски претставници никогаш не зборувале за можна употреба на нуклеарни оружја

Oткриваме две дезинформации од портпаролот на Путин, Дмитри Песков, кој пред почетокот на воената инвазија врз Украина ги прогласи за лажни вести најавите на западните медиуми дека Русија планира инвазија.

извор: ТАСС

 

Песков на 21.11.2022 дезинформираше дека Русија не сакала промена на режимот во Киев, што беше пренесено и во руските, и во нашите медиуми.

извор: РТ

 

Но, битката за Киев и обидот да се опколи со десетици илјади руски војници, е доказ дека освојувањето на главниот град на Украина и промената на власта беше главна воено-политичка цел на Русија.

извор: Institute for Study of War and AEF’s Critical Threats Project

И по неуспешната битка за Киев, највисоки политички претставници на Русија, како Сергеј Лавров, не криеја дека сакале да го променат режимот во Украина: Ние секако ќе му помогнеме на украинскиот народ да се ослободи од режимот, кој е апсолутно антинароден и антиисториски“.

Извор: Еуроњуз

По изјавите на Лавров во Каиро на 24.07.2022, беше јасно дека Русија не се откажала од целта да ја промени насилно власта во Киев.

Втората дезинформација е веста објавена од ТАСС, пренесена и од медиуми во земјава, според која портпаролот на Путин изјавил дека „руски претставници никогаш не зборувале за можна употреба на нуклеарни оружја“, и истакнал дека „од страна на Русија, никој никогаш не шпекулирал за прашањето“.

извор: ТАСС

Но, овие изјави не ја поминуваат проверката на факти. Руските политичари јавно зборувале за употреба на нуклеарно оружје. Медведев, заменик претседателот на рускиот Совет за безбедност, повеќе пати зборуваше за употреба на нуклеарно оружје.

Употреба на нуклеарно оружје јавно заговараше и чеченскиот лидер Кадиров.

извор: Нова Македонија

А и Владимир Путин, претседателот на Руската федерација, зборуваше за можна употреба на оружје за масовно уништување.

извор: Макфакс

Освен тоа, и самиот Песков претходно зборувал за можна употреба на нуклеарно оружје.

извор: А1 Он

Оттаму, тврдењата на Песков дека „руски претставници никогаш не зборувале за можна употреба на нуклеарни оружја“, и дека Русија не сакала промена на режимот во Киев, ги оценуваме како дезинформации.

(Полиграф е емисија заеднички реализирана од Институтот за медиуми и аналитика ИМА и ТВ Алсат).

ПОЛИГРАФ: Кој шири дезинформации дека не се започнати преговорите со ЕУ?

Latest Posts

Не пропуштај