„Центарот за македонски јазик во Грција“официјално е регистриран како невладина организација (НВО) од страна на судските власти во Грција. Станува збор за прва невладина организација во Грција, која директно ќе се грижи за македонскиот јазик и која законски е регистрирана од страна на грчките државни органи. Овој чин претставува де факто признавање на македонското говорно население во Грција. По тој повод се јави поранешниот премиер, Зоран Заев со статус на својот фејсбук профил.
„Еве ги плодовите од Преспа, ни носат радост на сите кои зборуваме македонски јазик, на сите Македонци.
Им честитам на основачите на Центарот за македонски јазик во Грција и на сите граѓани на Северна Македонија и Грција кои се радуваат на овој убав чин кој е особено важен како уште една потврда за блиските релации меѓу двете земји – напиша Заев.