Последни написи

ВИСТИНОМЕР: НЕ Е ВИСТИНА ДЕКА ЏОРЏ СОРОС ПОЧИНАЛ

Невистинитото тврдење се сподели на социјалната мрежа Фејсбук и стана многу вирално со голем број на споделувања, реакции и коментари. Ова не е прв пат да се шират гласини дека милијардерот починал. Дезинформацијата, која се шири низ целиот свет, стигна и до македонските корисници на социјалните мрежи. Првично, оваа неточна информација беше објавена на Твитер

На социјалната мрежа Фејсбук се шири вирална објава која тврди дека милијардерот Џорџ Сорос починал. Ова е неточно.

Во објавата се вели:

Светска радосна вест пцојса еден збеснат и крастосан пес да гори во пеколот гробот да не му се знај пците да му се молчат на гробот семенката да му се сотри на сите вакви злочинци сатанисти. Уверен сум дека никој нема да му пожели добро на овој пес збеснат крастосан истото ве очекува и вас домашни изроди душмани и предавници секогаш проколнати и на овој и на тој свет таму да ви се пес моча на парите кој ги добивате и душата си ја продавате од вашата алчност и лакомост ај сега зошто му се парите на ова куче крастава збеснато зар не помислувате дека и вас истото ве чека.

Џорџ Сорос е милијардер филантроп и основач на Фондацијата Отворено општество. Тој, како што веќе има пишувано Вистиномер, континуирано е цел на повеќе теории на заговор и дезинформации на социјалните мрежи.

Последната во низата дезинформации е дека Сорос починал на 92 годишна возраст во Унгарија. Вакво неточно тврдење се сподели на социјалната мрежа Фејсбук и стана многу вирално со голем број на споделувања, реакции и коментари. Ова не е прв пат да се шират гласини дека милијардерот починал.

Дезинформацијата, која се шири низ целиот свет, стигна и до македонските корисници на социјалните мрежи. Првично, оваа неточна информација беше објавена на Твитер профил кој тврди дека „според медиумските објави“ Џорџ Сорос починал на 92 годишна возраст во Унгарија. Но вакви медиумски објави, пред да се објави овој твит, не постојат.

Еден ден по оваа објава, истиот профил твитна дека Џорџ Сорос е всушност, жив и здрав и дека тоа го потврдиле неговите соработници.

Тој е дел од долгата листа на познати личности кои биле жртви на оваа измама. Сè уште е жив и здрав, престанете да верувате во она што го гледате на Интернет, велат тие.

Притоа на објавата која што е предмет на рецензија, напишани се куп навреди, клевети и недолични коментари придружени со говор на омраза и оваа информација нечовечки се споделува како да е среќна вест.

Сорос е роден во Будимпешта, Унгарија, во еврејско семејство. Неговиот татко бил адвокат, а неговата мајка била класична пијанистка. Сорос побегнал од Унгарија за време на Втората светска војна и се преселил во Лондон, каде што студирал на Лондонската школа за економија. По дипломирањето, тој работел во различни банки пред да се пресели во Њујорк во 1963 година. Според проценката на Блумберг тој има нето вредност од 8,5 милијарди долари.

Поради сите горенаведени факти, оценуваме дека не е вистина дека Џорџ Сорос починал на 92 годишна возраст во Унгарија.

Извор: vistinomer.mk

Latest Posts

Не пропуштај