More

    ЧАДИКОВСКИ: ФОРМИРАЊЕ НА ФОНД ЗА МЕДИУМСКИ ПРОДУКТИ, ЕДЕН ОД ПРИОРИТЕТИТЕ НА КОИ ЌЕ РАБОТИМЕ ВО ПРВИТЕ ШЕСТ МЕСЕЦИ

    Формирање на фонд за медиумски продукти е законско решение на кој ќе работи Здружението на новинари во првите шест месеци од новиот мандат, со цел да се подигне и квалитетот на сите медиуми. Тоа значи дека новинари, групи на новинари, сниматели или фоторепортери, па и самите медиуми ќе можат да аплицираат за добивање пари за креирање на квалитетна содржина, најави претседателот на Здружението на новинари на Македонија, Младен Чадиковски и кандидат за нов мандат во разговор за ЦИВИЛ медиа.

    YouTube player

    За овој Фонд парите би се обезбедиле од Буџетот на Северна Македонија, иако во принцип не сакаме државни финасии да се мешаат во новинарството, но сепак ова се пари на граѓаните и ќе се користат за интерес на граѓаните каква што е оваа наша идеја, особено што ќе биде едно независно тело составено од професионалци би биле евалуатори на она што ќе доаѓа како квалитет за да овие проекти и овие пари дојдат на вистинските места, бидејќи поентата не е да се богатат сопствениците на медиумите, туку да дојдат до оние кои ја креираат содржината, додаде тој.

    Според Чадиковски состојбите во новинарството во земјава се комплексни од повеќе аспекти, Македонија е мал пазар каде функционираат голем број на медиуми и голем дел од тие медиуми секојдневно се борат на пазарот за да опстанат, да понудат подобар производ, но тоа не секогаш е можно бидејќи не секогаш дава сериозен развој во медиумската сфера. Тоа еден проблем кој е наследен и не може за еден ден да се реши, но може да се каже дека генерално состојбите во медиумите можат да се подобруваат од неколку аспекти.

    -Сега е едно друго време кога и слободата на говорот но и на мислата беа нападнати, сега нема таков директен напад врз слободата на говорот, но има еден друг проблем тоа е финасиската зависност, од каде работите може да се менуваат но мора да се направат системски решенија. Токму затоа ние како ЗНМ направивме неколку клучи работи како што е Законот за клевета и навреда , кој веќе помина во Собраинето каде казните за новинарите се намалија и до пет пати. Казните беа преголеми, за новинар сумата беше до 2000 евра, за уредник до 6000 евра и околу 10.000 евра за медиумот, така што ова ја релаксира слободата на новинарите, што не значи дека не треба да се грижат за професионалните стандарди, односно дасе пишуваат неточни информации, напротив тоа е и новинарската основна мисија, додаде Чадиковски.

    Како што посочи тој вториот закон која ја помина првата фаза, а за еден месец треба да помине и во Собранието е законот со кој нападите врз новинарите ќе се сметаат како напад врз службени лица и ќе се гонат по службена должност.

    – Не се само физичките напади врз новинарите проблем за медиумските работници. Тие се соочуваат и со он-лајн напади, закани по живот, а навредите спаѓаат во корпустот што овој Закон сега ќе го опфати. Новинарите сега нема да треба да одат сами да пријавуваат напади, туку Обвинителството по службена должност да ги гони напаѓачите, вели првиот човек на ЗНМ.

    Тој додаде и дека треба да внимаваме како го негуваме професионалното новинарство и во допистништвата, односно внатрешноста на земјата бидејќи темите од локално и регионално занчење се од големо значење за луѓето кои живеат надвор од Скопје.

    -Постои многу простор за реформи во јавниот сервис и во АВМУ. Бидејќи во политиката не може секогаш да се најде заеднички јазик, затоа ните потпишавме меморандум за обуки на новинарите, снимателите од четирите програмски сервиси со цел да се подигне квалитетот на содржините, а планирани се 40 обуки годишно и за останатите медиуми. Никој не е роден научен сите треба да учиме, се менуваат условите, ако сакаме да креираме модерни содржини сите треба да се вклучиме во процесот на учење, рече Чадиковски.

    Извор: civilmedia.mk

    Exit mobile version