More

    ЛАВРОВ И НЕПОСТОЕЧКИОТ ТРАНСПАРЕНТ ЗА ДОБРЕДОЈДЕ НА РУСКАТА ДЕЛЕГАЦИЈА НА САМИТОТ НА Г20 ВО БАЛИ

     

    Дали е вистина дека руската делегација беше добредојдена на самитот на Г20 што се одржа во Бали, Индонезија на 15-16 ноември, на кој беше пречекана со транспарент на кој се прикажани окупираните територии на Украина како дел од Русија?

    Според истражувањето на Андриј Оленин кое го објави Укринформ, тоа не е вистина. Тоа е лажна вест која се прошири од руските федерални каналионлајн медиуми и Телеграм канали поврзани со нив.

    Во вестите на пропагандистите се наведува дека Индонезија, домаќинот на самитот, на тој начин ја поддржува Русија.

    Главниот доказ беше само фотографијата на банерот на кој е прикажана картата на Русија со окупираните територии на регионите Донецк, Луганск, Запорижја, Херсон, како и Автономната Република Крим.

    Како што изјави за Укринформ вонредниот и ополномоштен амбасадор на Украина во Република Индонезија, Васил Хамианин, никој не може да го потврди постоењето на овој транспарент во Индонезија и на островот Бали.

    „Никој на Бали не може да го потврди постоењето на овој транспарент. Изворот од кој дојде оваа информација е многу веродостоен“, ова е одговорот на амбасадорот во Министерството за надворешни работи на Индонезија.

    Амбасадорот додаде дека во разговор со претставници на локалните власти бил информиран дека се работи за лажна вест. Истото го велат и почесниот конзул на Украина во Индонезија и претставници на локалната дијаспора.

    Васил Хамианин, исто така, ги отфрли тврдењата на руската пропаганда дека Индонезија ги поддржува територијалните навлегувања на Русија врз украинскиот суверенитет. Ставот на актуелните индонезиски власти за обидот за анексија на украински територии, вклучувајќи го и полуостровот Крим, тој го окарактеризира вака:

    „Ставот е негативен! Индонезија го поддржува територијалниот интегритет на Украина“.

    За потсетување, министерот за надворешни работи на Русија Сергеј Лавров го напушти Бали на првиот ден од самитот. Учесниците на самитот или ја осудија Русија или , во најмала рака, не сакаа ниту да ја споменат.

    Извор: civilmedia.mk

    Exit mobile version