Последни написи

ПОЛИГРАФ: МЕЛ ГИБСОН ПОВТОРНО ЗЛОУПОТРЕБЕН ЗА ШИРЕЊЕ ДЕЗИНФОРМАЦИИ И ТЕОРИИ НА ЗАГОВОР ПРОТИВ ХОЛИВУД И ЗАПАДОТ

Во видеото „РОДИНСКИ РАЗГОВОРИ: Учесник: Зоран Јованчев“, емитувано на 04.11.2022 на Фејсбук страницата на партијата „Родина“, водителката се повикува на наводна изјава на глумецот Мел Гибсон кој го критикувал Холивуд и Западот: „Исто, кажа, дали можат да бидат нормални луѓе кои што пијат крв од бебиња и кои што, не знам што, јаделе месо ли од бебиња, тој дел не го ни прочитав, тоа е страшно.“

Но, дали има таква изјава на Мел Гибсон? Повеќе светски познати проверувачи на факти одамна имаат укажано дека станува збор за фабрикувана изјава од 2017.

YouTube player

И покрај тоа, лажната изјава на Мел Гибсон циркулира со години, особено на социјалните мрежи. Проверката на факти на Ројтерс од 26 јули 2022 зборува за „Фабрикуван цитат кој го поврзува Холивуд и жртвувањето деца лажно му се припишува на Мел Гибсон“.

И Вистиномер, во написот „Нападнат, бранет или злоупотребен Мел Гибсон?“ од 10.01.2021, разобличува две верзии на теоријата на заговор, објавени во Репортер и српски Курир.

Теоријата на заговор се уште може да се најде на „Репортер“, но и на други портали.

Српски Курир, пак, веќе објавил исправка RAZOTKRIVENA JOŠ JEDNA ZAVERA Melu Gibsonu pripisali izmišljene izjave o holivudskoj eliti koja pije dečiju krv! во која се цитира изјава на портпаролот на Гибсон дека таквите тврдења се 100% лажни.

Во минатото, слични теории на заговор користеле нацистите, со цел да ги оцрнат Евреите како крвопијци на деца. На пример, на насловната страница на пропагандното списание „Јуришник“ од мај 1934 објавена е карикатура која ги прикажува Евреите токму како крвопијци на деца.

И покрај разобличувањето на дезинформацијата за изјавата на Мел Гибсон, проруската партија „Родина“ се обиде да ја воскресне оваа теорија на заговор. И тоа го прави токму кога руските пропагандисти продолжуваат да шират дезинформации за Западот нарекувајќи го „сатанистички“, кои ги разобличивме во претходната епизода на „Полиграф“.

Извор: ima.mk

Latest Posts

Не пропуштај