Полиграф: „Извинете“ најмногу боли кога ќе наседнеш на дезинформации. А не треба

0
224
Никој не е имун на дезинформации

„Полиграф“ е емисија која заеднички ја реализираат Институтот за медиуми и аналитика ИМА и телевизијата АЛСАТ. Во оваа емисија со неспорни факти и аргументи се разоткриваат дезинформациите и неточните вести.

Фокусот на првото издание на емисијата Полиграф беа дезинформациите на руската пропаганда за Западот и за воената агресија врз Украина.

Референдумите – широко поле на дезинформации…

Дезинформации од руски извори за резултатите од наводните „референдуми“ во Украина се ширеа и во медиумите кај нас.

Таков е примерот со текстот на порталот Puls24 од 28 септември 2022 со наслов Дури 93,11 „ЗА“ обединување на Запорожје со Русија!. Во текстот се тврди дека: „Врз основа на прелиминарните резултати, 93,11 отсто од жителите го поддржаа обединувањето на областа Запорожје со Русијa, објави регионалната изборна комисија.“

И во написот на Нова Македонија „Референдумско „за“ за приклучување кон Руската Федерација“, објавен на 29 септември 2022, се вели дека: „Првичните резултати, според руски извори, покажуваат дека речиси 100 отсто од гласачите на четирите референдуми во Донецката и во Луганската народна република и регионите Запорожје и Херсон поддржуваат приклучување кон Русија.“

…А еве кои се информациите

Тврдењата изнесени погоре како пример се очигледна дезинформација. Во градот Запорожје, со над 700.000 жители, кој еадминистративен центар и најголем град во истоимената област, воопшто не се одржа референдум!

Мапа на воените дејствија во Украина на 27.09.2022 – Запорожје е под контрола на Украина

Тоа може да се види и од мапата на државната руска агенција РИА Новости, еден од главните извори на дезинформации за овие референдуми. Како што се гледа, Запорожје на 27 септември, а и денес, е под контрола на Украина.

Ни западните медиуми не се имуни на дезинформации

Но, дезинформациите за резултатите од лажните референдуми беа претставени како факти, не само о дмакедонски, туку и од светски медиуми.

На пример, светската агенција Ројтерс првично објави наслов „Big majority said to favour joining Russia in first vote results on future of occupied Ukraine regions“, но потоа се коригираше, со напомена дека станувало збор за гласови дадени во Русија, а не во четирите региони од Украина.

Сите се ранливи на дезинформации

Затоа, реномирани светски аналитичари со право укажаа укажаа дека Медиумското покривање на референдумот покажува дека медиумите се сè уште ранливи на руски дезинформации.

И шефицата за политички прашања на ОН, Розмари Ди Карло, изјави дека таканаречените референдуми деловите на Украина контролирани од Русија „не може да се сметаат за легални“.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде