Генералното собрание на ОН со осуда на нелегалната анексија на украинските региони

0
228
генерално собрание на ОН
Генералното собрание на Обединетите нации ноќеска со големо мнозинство го осуди рускиот „обид за нелегална анексија“ на четири делумно окупирани региони во Украина

Генералното собрание на Обединетите нации ноќеска со големо мнозинство го осуди рускиот „обид за нелегална анексија“ на четири делумно окупирани региони во Украина и ги повика сите земји да не го признаат потегот, зајакнувајќи ја дипломатската меѓународна изолација на Москва, јави ДПА.

Одлуката на ГС на ОН не е обврзувачка, но резолуцијата ја прогласи анексијата за неважечка и бара Русија да ги поништи своите потези за припојување на источните украински региони Доњецк, Керсон, Луганск и Запорожје.

Три четвртини од 193-те членки на Генералното собрание, или 143 земји, гласаа за резолуцијата, која исто така ги потврдува суверенитетот, независноста, единството и територијалниот интегритет на Украина во нејзините меѓународно признати граници.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски ја прослави одлуката како историска.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде