More

    Верхофстад: Русија не ја губи пропагандната војна оти ЕУ не ги санкционира пропагандистите

    Да бидам искрен: Русија ја губи војната на бојното поле, но Русите не ја губат пропагандната војна, рече Ги Верхофстад, поранешниот белгиски премиер и актуелен член на Европскиот парламент.

    -Тие [Русите] ја добиваат пропагандната војна. Ако сега ги погледнете нашите социјални мрежи ќе забележите повеќе постови кои го пренесуваат наративост на Кремљ, вели Верхофстад.

    Тој појаснува дека наративот на Кремљ е дека ова е војна која што ја започнал Западот за да ја казни Русија и дека сѐ што се случува со актуелната енергетска криза не е последица од војната туку е последица од санкциите и мерките што ги воведува Западот.

    -А јас знам дека постои осми пакет, господине Шинас, вие кажавте тука сѐ што треба да се преземе, но во осмиот пакет мерки нема ништо за ова. Осмиот пакет е пакет мерки што ги воведуваме за проширување на санкциите од 1232 на 1262 лица од Русија, само 30 повеќе лица кои се вклучени во референдумите во источна и јужна Украина. Но, нема ништо за славните и влијателните, оние кои создаваат јавно мислење, за пропагандистите, вели Верхофстад во својот говор во Европскиот парламент.

    Тој додаде дека уште на 29 јуни преку „Фондацијата Навални“ е доставен список од 135 лица кои се јадрото на пропагандната машинерија на Путин. Верхофстад вели дека само двајца од нив се под санкции, а со новиот пакет мерки уште четворица. Тој прашува зошто Комисијата и Советот не удираат во јадрото на пропагандната машинерија на Путин.

    Верхофстад ја осуди и поддршката на руската пропаганда внатре во Европската Унија и како пример ги посочува Матео Салвини и Силвио Берлускони.

    Exit mobile version