Полиграф: Руската пропаганда за 10 секунди шири 5 дезинформации. Реално

0
214
Маргарита Симонјан
Маргарита Симонјан е една од главните пропагандистки на Владимир Путин

„Полиграф“ е емисија која заеднички ја реализираат Институтот за медиуми и аналитика ИМА и телевизијата АЛСАТ. Во оваа емисија со неспорни факти и аргументи се разоткриваат дезинформациите и неточните вести.

Фокусот на првото издание на емисијата „Полиграф“ беа дезинформациите на руската пропаганда за Западот и за воената агресија врз Украина.

Како руската пропаганда шири дезинформации за западните демократии?

Еве еден типичен пример за тоа како руската пропаганда шири дезинформации за западните демократии. На 1 октомври 2022, при гостување во емисијата „Право знать“ („Право да се знае“), главната уредничка на Каналот РТ, Маргарита Симонјан, успеа да прошири 5 дезинформации за само 10 секунди!

„Дали сакаме да бидеме за 5 години како нив? Забрануваат млеко од доење. Моите деца нема да можат да ме нарекуваат „мама“. И ќе ми бидат одземени ако ме нарекуваат „мама“. И тоа навистина се случува, не е пропаганда, на многу места се случува”, вели Симонјан во гостувањето.

Кои се петте дезинформации на уредничката на РТ во оваа изјава?

Првата е дека западните земји забранувале мајчино млеко. Втората неверојатна дезинформација е дека нејзините деца нема да смееле да ја нарекуваат „мама“. Трета дезинформација е дека децата ќе ѝ биле одземени ако ја нарекувале „мама“. Четвртата дезинформација е дека тоа навистина се случува, дека не било пропаганда. Петтата дезинформација е дека тоа се случува на многу места.

Но, што е вистината?

Во ниту една западна земја не е забрането мајчиното млеко, ниту зборот „мама“, ниту пак децата се одземаат од мајката ако ја викаат „мама“. Никаде нема такви случаи, освен во пропагандната приказна на Симонјан, која за своите пропагандни заслуги беше одликувана лично од страна на Путин.

Маргарита Симонјан за својата способност да прошири 5 дезинформации за 10 секунди е одликувана од Путин

Токму заради способноста на Симонјан да прошири 5 дезинформации во 10 секунди, таа се најде и на листата на санкции на ЕУ, Канада и Обединетото Кралство. Симонјан е опишана како една од „лицата на пропагандата на Кремљ“ и од американскиот Стејт департмент.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде