Оштетена таблата на бугарскиот клуб „Цар Борис Трети“ во Охрид

0
194
OhridNews
Оштетена таблата со името на бугарскиот клуб „Цар Борис Трети“ (Фото: OhridNews)

Оштетена е таблата на која беше испишано името на бугарскиот клуб во Охрид „Цар Борис Трети“, отворен минатата недела објави OhridNews кој добил потврда за инцидентот од СВР Охрид.

Според СВР Охрид, дел од таблата е оштетен, а екипа на полицијата врши увид на местото и ќе работи на расветлување на случајот.

Клубот беше отворен пред пет дена во тензична атмосфера и со протести. Демонстрантите реагираа против името кое го носи клубот за шшто сметаа дека е провокација.

Протестите беа проследени и со говор на омраза, а некои од учесниците фрлаа со камења и јајца кон објектот каде што е сместен овој бугарски клуб.

Протестот го организираше политичката партија „Левица“, а и ВМРО-ДПМНЕ повика на масовност.

Отворањето клуб со вакво име го осудија од Еврејската заедница на Македонија, пратеничката од ВМРО – ДПМНЕ Рашела Мизрахи, а отворањето на клубот беше оценето како провокација и од страна на министерот за надворешни работи Бујар Османи, како и од премиерот Димитар Ковачевски.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде