Од Венецуела се бега по цена на живот: Рекорден број мигранти кон Панама

0
127
бегалци мигранти венецуела
Две третини од бегалците што заминуваат кон Панама се од Венецуела која е во повеќегодишна криза

Панамската Управа за миграција синоќа соопшти дека оваа година рекорден број мигранти се обиделе да минат наз опасната џунгла Дариен, што се наоѓа меѓу Панама и Колумбија, а најголем дел од Венецуела, јави Дојче веле на аглиски јазик.

Во првите девет месеци од оваа година џунглата Дариен ја минале над 150.000 лица, соопштија панамските власти. Според нив, двајца од тројца мигранти доаѓале од Венецуела, која со години е во тешка политичка и економска криза, пренесува ДПА.

Заминувањето од Венецуела спасува живот

Бројот на евидентирани мигранти во деветмесечниот период е поголем од вкупните годишни преминувања во секоја од последните 13 години. Овие информации се опфатени и во полугодишниот извештај на Координациската платформа за бегалци и мигранти од Венецуела, но очигледно трендот продолжува и се засилува.

Во 2021 година низ џунглата минале 134.000 мигранти, за разлика од 8.594 една година порано. Мигрантите ги напуштаат своите домови главно поради сиромаштија, политичка нестабилност, природни катастрофи или криминал во нивните земји, додава германската агенција.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде