Последни написи

Во Авганистан, новинарките ги губат работните места и мора да го покриваат лицето

До 80% од авганистанските новинарки ги загубија своите работни места, а останатите се соочуваат со сериозни ограничувања, како што е правилото да го покриваат лицето додека прикажуваат програми на телевизија, известува ВОА.

ТВ водителка ја наведнува главата и го покрива лицето додека ги чита вестите на TOLO NEWS, во живо.

Според организацијата Репортери без граници, во последниве години, од 215 од 540 медиуми во земјата се затворени поради финансиски, социјални и политички проблеми.

 

Новинарите во Авганистан се жалат дека не можат ни да го видат лидерот на Талибанците, па оттаму, тешко можат веродостојни да известуваат за неговото водство и одлуки.

 

Исто така, новинарите се жалат на бројни лажни и анонимни профили на социјалните мрежи кои честопати шират лаги и дезинформации.

Latest Posts

Не пропуштај