Последни написи

Дерала за лажниот баланс во „објективните“ медиуми: Злосторниците се хуманизираат, а жртвите се дехуманизираат и стануваат виновници

Во колумната „Медиуми, објективност и мелено месо“ или „Како медиумите ја киднапираа јавноста, а „аналитичарите“ го оправдаа злосторството?“, Џабир Дерала зборува за лажниот баланс во „објективните“ медиуми кој доведува до „Хуманизирање на злосторниците“:
„Некои аналитичари одлично забележуваат дека во медиумите владее лажен баланс. „Пет минути за Евреите и пет минути за Хитлер“ е бравурозна досетка со која се илустрира лажниот баланс во медиумите.

Да направиме еден чекор понатаму. Не само што се воспоставува лажен баланс меѓу жртвите и злосторниците, туку злосторниците се хуманизираат и оправдуваат, а жртвите со време стануваат виновници за тоа што им се случило.

Злосторниците, во најдобар случај, добиваат „благ прекор“ од креаторите на јавното мнение кои потоа дури и ги охрабруваат злосторниците да продолжат со нивната „добра работа“ во иднина, но да го „коригираат“ своето однесување кон жртвите, но секако да останат брутални во спроведувањето на политиките, бидејќи се „праведни“.

Човечки е да се греши, а уште повеќе да се прости, нели?

А жртвите? Најдобро е кога би ги снемало, бидејќи се плачливи и ја заморуваат публиката со своите бескрајни жалби од трагедијата што им ја предизвикал злосторникот. Тоа ја депримира и одбива публиката, не е добро за видливоста на медиумите.

Накратко, злосторниците се хуманизираат, а жртвите се дехуманизираат и стануваат виновници.“, пишува Џабир Дерала во колумната за CivilMedia.

 

Медиуми, објективност и мелено месо

Latest Posts

Не пропуштај