Последни написи

Столтенберг: Ослободувањето на Лиман покажува дека Украина е способна да ги поврати окупираните територии

Враќањето на градот Лиман во регионот Доњецк под контрола на Украина покажува дека вооружените сили на Украина се способни да ги потиснат руските сили од териториите кои се привремено окупирани од нив, изјави генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг за Ен-Би-Си, ја прененсува Цивилмедиа информацијата на Укринформ.

„Оваа недела видовме дека тие успеаја да заземат нов град, Лиман, а тоа покажува дека Украинците напредуваат, и се способни да ги потиснат руските сили поради нивната смелост, поради нивната храброст, нивните вештини, но секако и поради напредното оружје што го обезбедуваат САД и другите сојузници“, рече Столтенберг.

Според него, најдобриот одговор на обидот за илегална анексија на Русија на дополнителни украински територии е да продолжи поддршката на Украина.

„Сојузниците ја засилуваат својата поддршка за Украина и тоа е најдобриот начин да се осигура дека овие територии се дел од Украина и дека Украина е всушност способна да ги ослободи и врати окупираните територии“, рече Столтенберг.

Тој вети дека НАТО ќе продолжи да ја поддржува Украина со воена опрема, како и со економска и финансиска поддршка.

Latest Posts

Не пропуштај