More

    Дезинформација е дека полската влада за време на викендот се подготвувала да избега од земјата

    Приказната дека полската влада се подготвувала да избега од земјата не е точна и е дел од напорите на Москва да го дезорганизира полското општество, се вели во предупредувањето против дезинформации што го објави државниот секретар во Министерството за внатрешни работи на Полслка Станислав Жарин, откаково текот на викендот на социјалните мрежи се појавија тврдења дека полската влада бега од земјата, објави денеска Еуроактив.

    Сега веќе утврдени како дезинформации, објавите на социјалните мрежи пренесуваа наводна изјава на аеродромски работник кој рекол дека бил сведок на вежби за евакуација на високи функционери.

    „Кампањата  има цел да се создаде паника меѓу Полјаците“, потенцира во својот твит Жарин, додавајќи дека приказната за евакуацијата е „лага“.

    Со ширење на дезинформации, Кремљ има за цел „да ја дискредитира полската влада, но и да предизвика паника поврзана со војната во Украина“, пишува тој.

    Exit mobile version