Последни написи

Во Германија е во тек одбележувањето на обединувањето на земјата

Во Сојузна Република Германија во тек е тридневната прослава „Денот на единството“ во знак на одбележување обединувањето на поделената земја на истокот и запад по Втората светска војна кое се случи на 3 октомври 1990 година.

Иако Берлинскиот ѕид падна на 9 ноември 1989 година, означувајќи го почетокот на крајот на комунизмот во Централна и Источна Европа, беа потребни уште 11 месеци за формално да се случи повторно обединување на Германија.

На 3 октомври 1990 година, Источна Германија или Германската Демократска Република (ГДР) престана да постои и пет новосоздадени држави на нејзината поранешна територија се приклучија на Сојузна Република Германија (Западна Германија), a Берлин повторно стана главен град.

 

Latest Posts

Не пропуштај